Транспорт и логистика
Сигурен партнер за транспорт низ Европа
Нашата работа се темели на доверба, прецизност и одговорност. Секој транспортен процес е внимателно планиран и организиран со цел товарот да пристигне безбедно, навремено и во совршена состојба.
Специјализирани сме за транспорт на возила, чамци, јахти и останати специфични товари кои бараат професионален пристап и максимална грижа. Нашето искуство во управување со комплексни логистички процеси ни овозможува да понудиме решенија прилагодени на индивидуалните потреби на секој клиент.
Сите наши транспорти се осигурани од момент на утовар до момент на истовар!
Со текот на годините станавме препознатлив партнер за бројни компании и индивидуални клиенти кои бараат сигурност, брза комуникација и висок степен на професионалност. За нас, секој транспорт претставува обврска која ја извршуваме со максимална посветеност.
Предности на соработката со нас
Брза и навремена испорака
Современа транспортна опрема
Високи стандарди за безбедност
Нашата визија
Да бидеме прв избор за транспорт и логистика во регионот преку континуирано унапредување на услугите, модернизација на флотата и градење долгорочни партнерства со клиентите.
Нашите услуги
- Меѓународен транспорт на возила
- Транспорт на чамци и јахти
- Специјализиран транспорт на нестандардни товари
- Логистичко планирање и организација
- Комплетна координација од преземање до испорака